меѓу (предл.) - српски (прид.)

Тие потенцирале дека „меѓу српските и македонско-словенските ‘партизани’ и бугарските левичари во 1943 год., се чини, имаше повеќе одушевеност за една социјална револуција отколку за националните држави“, а истото го заклучиле и за Грција и Албанија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според нив "силата на овие движења, во врска со силите што ги претставуваат традициите од деветнаесеттиот век и последиците од нивниот судир со тие традиции, ќе зависи разбирливо од настаните на Балканот и во таа етапа ќе зависи од политиката усвоена во однос на нив од страна на Велика Британија, Соединетите Американски Држави и СССР.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие настојуваат да добијат автономија од Србија и многу години ѝ беа непријатели на новата југословенска држава“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во коментарот се потенцира дека Македонците „формираат малцинство од околу 750 000, зборуваат словенски дијалект, којшто е нешто меѓу српскиот и бугарскиот, и живеат во делот на Југославија каде што се водеа жестоки борби во сегашниот блиц-криг.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)