меѓу (предл.) - многуте (прид.)

Не е ни на мојот, ни на твојот јазик, но бидејќи тоа е библијата, а бидејќи е и толку ретка и убава, мислев ќе те радува да ја имаш меѓу многуте други книги што ги чуваш кај себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Секако, меѓу многуте засадени на Вардариште ти знаеш дека растат и седумте тополи. И тие ќе придонесат да се ревитализира деградираното земјиште.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Од една страна, субјектот станува чиста безсупстанцијална субјективност без свое детерминирано место во природата и културата, но, од друга страна, субјектот исто така станува еден меѓу многуте елементи на универзумот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)