меѓу (предл.) - население (имн.)

Едновремено, јавноста на САД била запознаена и со формирањето на „локалните владини комитети во Скопје и во Куманово“, непосредно по навлегувањето на германските војски на територијата на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Во нашите упатства за работа - рече Англичанецот - не ни е одредено да спроведуваме плебисцит меѓу населението...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие ја информирале американската јавност за влегувањето на бугарската армија во Македонија, „‘ослободена’ од германските трупи“, со една единствена цел – одржување на „редот и мирот меѓу населението“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зар не се Македонците што се на служба или кандидати за служба тие што го изопачуваа меѓу населението во Македонија значењето на руските владини постапки и ги толкуваат пред него стамболовски и го тискаа да востане, против советите на Русија за благоразумност?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Чаршијата е уште затворена и страв владее меѓу населението, така, и покрај настојувањето на властите, не се знае кога и дали воопшто ќе може да се поврати мирот и спокојството“144.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)