меѓу (предл.) - знак (имн.)

Постои длабока врска меѓу знаците, настаните, животот, витализмот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Право да ви кажам: малку сум и лута на учителката по виолина која не ми кажа со време што да правам кога меѓу знаците на нотниот пулт ќе ми слета некоја волшебна птица сета расчучулигана и распавтана со многу стари песни што не ги знае ни татко ми.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)