меѓу (предл.) - жител (имн.)

А тоа, убиството, се случи летото 1943-та, во време вршење.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа меѓу жителите на Потковицата и ден-денеска постои уверување дека Димко, во алипноста своја, си замислил нешто и дека, пак во алипноста своја, мислејќи дека така ќе ја одбрани честа своја и на мајка си, или од љубомора, ги уби, кутрите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Меѓу жителите на Рајските острови владее поделеност – „Федералистите“ и „сепаратистите“ засега се изедначени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Островот ли е формулата за човечката блискот, со својата средморска осаменост, но и со оскудноста со која задно живеат и луѓето од овој архипелаг?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)