крај (предл.) - нејзин (прид.)

Седев крај нејзината постела, ја држев за рака, ја слушав како кркори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Ами кој а меси ваа поскура волку убава мори, Нешко? — ја прашаше Доста Макрева кога врвеше крај нејзината порта.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некаде кон пладне, нејзината рака ја испушти мојата. ѝ ги склопив очите, станав, излегов на балконот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И луѓето кои минеа крај нејзиното песјо живеалиште, ќе го поитаа одот, ќе го подголтнеа зборот, ќе се сокриеја во себе за да не ги здогледа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)