крај (предл.) - софра (имн.)

Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Штотуку седнале крај софра под свои покриви, суви и преслаби дури и на преслаб ветар да му се спротиват, власта ги потерала пред себе со кундаци и со камшици заедно со оние што патем ја напуштале дружината - ураганот на судбината не престанал да ги сотира.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќинот ги остави голашите прекршени на две во огништето и кога седна на столчето крај софрето, таа молкна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не помогнал ни Онисифор Проказник ни другите по враќањето во Кукулино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седеа крај софра и, пиејќи црвено вино, разговараа за новата, народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)