крај (предл.) - поток (имн.)

- Каде, учителке? ... Таа застана, се избриша со шамијата по вратот и челото, продува низ устата насобрана врелина и рече: - Овде, крај потоков...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И пак ќе почне едно борење, давење, крај потокот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патеката до изворот, која беше на дваесетина чекори пред колибата, онаму во бавчичето крај потокот, беше завеана како и сѐ друго, па Бојан се зафати да ја исчисти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)