крај (предл.) - кревет (имн.)

Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја држев за рака крај креветот, небаре ја контролирав топлината која ѝ струеше низ телото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со страв и голема недоверба полека ја поткреваше јамболијата. Го збунуваа високите мартинки крај креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И еве: ѝ ги реди во канче на сестра ми крај креветот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)