крај (предл.) - гробишта (имн.)

Сите поранешни, но во него сочувани, зборови, станаа како симболи што исчезнуваат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот бавно тргна крај гробиштата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Е, стасавме горе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А тој ми рече: - Господинот офицер те прашува дали си од ова село. Реков – да.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А забрадената жена продолжи: - Удри со ногата на врата, се исправи некако чудно, ме погледна, замолча долго, а потоа на нашински рече: „Мајче, крај гробиштата има многу убиени“.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ги собираа на куп, а потоа ги товарија на два коња и ги потераа пред себе. .
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На едната страна уште незакопани се партизаните, а на другата страна веќе ги закопуваат војниците...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас свртев глава за да не гледам, ама тогаш го видов крстот на Ставре Попов.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Војникот ме фати под мишка и пак ми рече: „Таму, крај гробиштата, ги собравме убиените.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Му реков: - Тука нема никој од нашето село... - и почнав да липам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)