крај (предл.) - град (имн.)

Живееше во грда, сива двокатница на крај град како жител број 8, во некаков Нојов ковчег пред кој беше голем куп на различни отпадоци (горди Хималаи) и зелена густа бара (Венеција, чао) *
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крај градот, истите стражари - италијански војници, го запреа. Го претресоа и измешаа во солта.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Две бесилки на крај град, недалеку од патот што течел кон Кукулино, ги ванѓелосале луѓето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Горат бензиските складови на крај град, се сети.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во сето тоа наоѓајќи и дел виновност кај селаните од под црногоричината планина и предизвикани од нивното одбивање да ја признаат врската со Селџик-бег, неколцина Турци го подбуцнале ненаспаниот Али-бег да објави дека ќе го покачи уемот во својата воденица и да разгласи дека ќе биде убиен секој што ќе се обиде да стави камен врз камен за идна и независна воденица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Нашата соба е мала како кутија“ , пак повторија браќата. „Зоолошката градина беше затворена.“ „Однесете го на крај град и оставете го“ , прсна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На крај градот Федерико го запре и му го даде празното кошниче од јајцата. Внатре имаше и едно кесе со макарони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)