крај (предл.) - него (зам.)

Нејзините гради нежно се прививаат крај него. Устата ѝ е слатка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Бузо вриеше од јад. Ги гризеше усните и, како кип, скаменето гледаше во оние што минуваа крај него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но сега го остави на мира: едноставно само ќе мине крај него и ги врти очите на друга страна.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, Ќосото беше стално крај него, но во тие моменти тоа беше само негов најверен и најхрабар четник и другар, и ништо повеќе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Надворешната рамка може да функционира како највнатрешен елемент на делото, виткајќи се навнатре; и обратно, она што делува како највнатрешен или средишен аспект на делото, таа улога ја стекнува со помош на оние нешта што го извиткуваат вон делото и крај него.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се освестува. Нешто дише крај него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На пример Сашо. - Еј, Сашо заспал! - вика Весна, која седи крај него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И одеднаш, додека Земанек јуреше, под едно дрво на Зајачки Рид, го здогледав паркиран џипот на Фискултурецот; поминавме крај него толку брзо, што ми се стори дека само во еден блесок на фарот ја видов главата на Луција зад прозорецот; му реков на Земанек да застане; тој се двоумеше, прашуваше зошто, и јас му реков: „Луција е внатре со Фискултурецот“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Покажа на еден стол крај него и рече: „Седи. Седни овде, Филозофе!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека чекорев натаму, замислував како Густав лежи на креветот по мозочниот удар, лежи во бессознание, а Клара седи крај него, знае дека тој заминува, и првпат го гледа не како свој брат и заштитник туку како свое дете, се обидува да го разбуди од она што не е сон и од што никогаш нема да се поврати, му зборува и тоа веќе не е гласот на сестра која го моли да ја заштити од мајка им, тоа е сега глас на мајка која се обидува да го утеши своето дете во неговата нема болка, тоа е глас на мајка различен од гласот на нивната мајка, глас со кој Клара се обидува да го увери дека сѐ ќе биде добро, дека ова ќе мине, заборавајќи дека така се обидува да се разувери самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А потоа, кога дознава за загинувањето на двата најстари од малите Густави, нема да може ни себеси да се разувери.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога наближив кон една долина криена меѓу плодови од лимони, грозје, портокали и смокви, кога го здогледав морето и кога застанав на брегот, почуден си реков: „Господе, како да сум бил тука, како да сум живеел тука на овој брег, до оваа стена и пештерата издлабена во неа, до манастирот и кипарисите извишени крај него, до параклисот од левата страна, полеан со молитвите на калуѓерите кои со запалени свеќи влегуваа и излегуваа од него, помазан од звукот на камбаната и клепалата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пензионерот потстанува да ја поздрави убавата жена што минува крај него, со внучката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Еден силен писок, што искрсна веднаш тука, крај него, затрепери по сета ноќ и долго остана исправен и остар.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Леските се стресоа, исто како на тоа место да се разбуди некој одамна изгаснат вулкан, снегот се разлета на сите страни, а оттаму уште во истиот миг се подаде огромното црно клопче на телото на оној негов прекрасен, како излеан од некој црн метал настрхнат самјак, чиктисан уште со својот прв скок, со кој што излета од леските, право кон него, право кон чамовото стебло крај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бил отсекогаш еден човек, којшто си бил достатен на самиот себе, и кој ниеднаш не бил свикнат да бара од другите нешто повеќе, освен да бидат некаде тука, крај него, секој за себе зафатени во своите грижи, многу често други и незабележувани од него, а тој ниеднаш немал потреба да ги побара, или пак да помисли на себе си вака, како сега: Сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последното, што го чу, беше еден страшно наближен писок, веднаш крај него, но ни него тој не успеа да го дослуша докрај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И виде: тој Дуко, што стоеше сега крај него, веќе не беше неговиот Дуко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе малаксаат од пиење и пеење, кога ќе се вангелосаат убаво, стануваат, и сите заедно одат на гробиштата; одат на гробот каде што требаше да лежи Лоте; седнуваат крај него и плачат, ронат солзи; жалоста уште повеќе се зголемува кога Лоте одненадеж ќе се струполи над гробот, ќе се оптегне колку што е долг и широк: ќе ги прекрсти рацете на мевот, ќе ги вклешти вилиците, ќе ги затвори очите и ќе го запре дишењето; луѓето тогаш му пеат тажни, погребни песни, му палат свеќи, му принесуваат цвеќиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие баздриѓани со бели валанки на глава севезден се молат за мене во своите аври. Игуменијата ја спуштила секирата крај него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од морски брегови сум терал камили. Евреите басмари и денес ме бараат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крчмарот траеше и гледаше негде крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ни песот - веќе не квичи: можеби сѐ така треба да биде, тој да се вози, детето да чекори крај него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога лежеше Вајс на креветот, тоа седеше крај него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Порано повремено го запознавала со состојбата во Пансионот, со приходите и расходите, а сега никако; порано секоја вечер спиела со него, му читала весници и книги, му пуштала музика од грамофонот; а сега никако; дури и кога ќе се разбуди преку ноќ, неа ја нема крај него на креветот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А кога таа повремено ќе направеше обид да се помрдне кон едниот ѕид на куќата или плевната за да шмугне крај него, и тоа се помрднуваше на таа страна за да ја спречи да му избега и за полесно да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И пак во бунилото ја гледа Марија крај него во болничката соба која дошла да го земе дома бидејќи тој е излечен и оздравен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На сликата се гледа зградата на Кучешкиот пансион, слична на хотел, пред која е застанат Богдан; за ремник држи куче; крај него е неговиот другар Којо Пипиле кој му помогна да се вработи во Пансионот по доаѓањето од Чехословачка; и тој држи куче за ремник; над влезната врата, зад нив, е фирмата „Кучешки пансион” на која има нацртано глава од куче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Клекна крај него и намигна во мракот. „Клинец, можеш ли да ја викнеш Јана од дома?“ „Зошто да ја викнам?“ праша детето. „Кој си ти?“ „Еден поп“, рече.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Од каде ти е огледалово? - Од татко ми... Стоеше таа крај него и се огледуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со стадото руди овци по перунските рудини, како свири со својот кавал во утринската мугра, а двата големи овчарски пци мирно ги вртат опашките крај него, секогаш готови да скокнат и да му го скинат гркланот и на најголемиот волк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се појави еден малку како исколван во лицето, брадата искубана, чиниш пасена тук там, а крај него една дундалеста женичка во која Коста Тапанарот ја препозна Тушимката, што пак, од друга страна, ја потврдуваше претпоставката дека човекот е попот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На едно поминување крај него Вангел Русјаков сакаше да го праша како е со здравјето, ама наместо тоа од уста му излета Денеска како да ти е празно шишето, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го смирува тоа што Родна пак легнува, ја напикува својата топла снага крај него, а и тој, како и Вангел, не сака многу да оди по умот на жената.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Никој крај него немаше - вишното небе врз него, земјата скришна под него, над гробот врба стушена.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Цела ноќ остана крај него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ми има закажано“, рече и само помина крај него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Виде деца како играат по тротоарот: Русокосото беше сонце и токму кога младиот човек минуваше крај него се одлепи од плочникот. Од косата му засветли злато.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Звукот исчезна. Стоеше на вратата и потоа влезе и седна на местото крај него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мартин во првиот момент не знаеше што да прави, беше без волја да заигра, но сепак ја подаде раката кон едно од децата што бегаше тој момент крај него и успеа да го допре.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Патуваше со денови и со ноќи, а крај него дуваше ветер и патиштата го засипуваа со својот прав, и сонцето го печеше, и студот го штипеше.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Подоцна учителот го остави на мира: едноставно само ќе минеше крај него и очите ги вртеше настрана, зашто ако запреше кај него, голем дел од часот ќе му минеше во неврат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
По некое време се покажа и стебленце и виде дека тоа убаво ботее доколку пеејќи му заспиеш крај него.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Некој се кара, некој пуши, некој што може да стои зафатил место додека крај него некоја бабичка или некој старец одвај се држат на нозе.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
(Ресторан на железничка станица. Херцог пие кафе. Пауза. Доаѓа Сивиќ. Седнува крај него. Пие.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Некаде пред утрото почна да врне. Нашата соба имаше само еден прозорец, висок и тесен и стоев крај него и го набљудував дождот како твори река на сребрени иглички.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Га... га...! Стои Танаско со молкната уста, а крај него Димостен, половина човек од Танаско!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Еј, Сашо заспал! - вика Весна, која седи крај него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Крај него стоеше оној старец што денес му ја подари чудната моќ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)