крај (предл.) - нас (зам.)

Затоа јас би рекол да не ѓибаме ние вадева, ами да си прејдиме пак преку река, та шо ќе намине крај нас да си свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сиромашко девојче, го зедовме да помине и тоа крај нас.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Двајцата попови кои жестоко дебатираа дали во 2012 година Земјата ќе биде уништена затоа што така било запишано во предвидувањата на Маите или затоа што самите веруваме во тоа (а секако, доколку не биде, Скопје ќе направи импозантен исчекор во урбанистичкиот план), поминувајќи крај нас, само се прекрстија и рекоа: - Нека ви е Господ на помош, вам кои не ѝ плаќате данок на оваа кутра држава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На челото се закануваше брчката со која се здоби во Тунис. Крај нас беа децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Митре мрмореше крај нас: - Хм, чудна жена!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И ние децата, без нашите кози, без смислата на нашите игри, беспомошно го следевме татковото чекорење крај нас. Тој како да не нè гледаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Крај нас беше и нашето козле, нашата среќа, на вратата на животот на новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој се чувствуваше многу посигурен да остане само Мајка со нас, децата, за време на војната, отколку и тој да биде крај нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие врват вака, го фрлаат оружјето, крај нас, а Французите оптегнуваат боцливи телови и прават логор.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)