кон (предл.) - кај (сврз.)

И кон кај што одат доктурите и сестрите, таму ни одат и очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- А, Капинка, кај ти е Капинка, прашува Лазор Ночески. - Капинка одутрина ја закопав, велам, а Ѕвездан за вечерва ми остана, велам и ги кревам очите кон кај што навалува сонцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)