кон (предл.) - пасивно (прил.)

Расправата меѓу приврзаниците на едниот и другиот комитет добила големи размери, така што тоа, кон крајот на 1941 година, придонело да не може да се согледа каде ќе ги одведе САД, кон продолжување на помошта на сојузниците или кон пасивно посматрање на европскиот судир.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Разрешување и крај на тие расправии стави јапонскиот напад на Перл Харбор на 7 декември 1941 година, кој само за еден ден ги обедини Американците и тоа посилно од што и да е во дотогашната нивна историја.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)