кон (предл.) - онаму (прил.)

Трчни кон ваму, трчни кон онаму, ама ништо. Никому не можам да му помогнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Немо гледавме од зад решетките на нашите прозорци, гледавме како Добрата Душичка се оддалечува, вртејќи ја главата кон оние решетки зад кои стоеше Макс, одеше свртена така – нозете ѝ чекореа кон едниот, очите ѝ гледаа кон другиот крај на светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За миг браќата на Добрата Душичка застанаа, застана и таа меѓу нив, вртејќи ја главата кон онаму од каде се оддалечуваше. Престана и завивањето на Макс.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)