кон (предл.) - надвор (прил.)

Или барем ко-господар.” (...) Јасно е, значи, дека во експресионизмот процесот на преобразба не треба да се одвива однадвор кон внатре, туку обратно, од внатре кон надвор, па така не доаѓа предвид претходна промена на општествените услови, а камоли „малограѓанштината на класната борба”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од предната страна на кафезот беше зацврстено нешто што наликуваше на маска за мечување, со вдлабната страна кон надвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сета нивна крвожедност беше свртена кон надвор, против непријателите на државата, против странците, предавниците, саботерите, мислопрестапниците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И обратно, “внатрешната” тајна на Бетмен, неговото најдлабоко засолниште, всушност е игла кон надвор, “најсоцијалниот”, “најконструктивниот” (во “глобални рамки”!) аспект на Бетмен!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ТАА Умна, таа мислата остра к'о тупаница пркосно ја стега А кршлива, ровка со едното око сега во себе, со другото кон надвор гледа Тивка к'о снегулка, чека ли, чека.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
• Проекција. Ја проектирам внатрешноста кон надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да претпоставиме дека мојата внатрешност била лоша, и сум ја проектирал кон надвор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Главните соби, пак, истакнува Викам, добиваат широк поглед кон надвор, па господарите на колсилскиот замок можеле да уживаат во разновидната панорама на околните шуми.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од северната страна на градината, низа липи се лизгаат од зеленото кои нешто потемно, согласно со доаѓањето на летото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сликата е многукрак, ѕвездест организам што пулсира од внатрешноста кон надвор.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Настан е неговата најпозната драма, полна со сите оние елементи по кои се познати и неговите романи и кои и денес го прават посебно (пост)модерен: автореференцијалност (интерактивност, дури!), хумор совршено избалансиран и кон надвор (предизвикувајќи миметички впечаток) и кон внатре (расчленувајќи си го сопственото дело!), една интелектуална отменост. совршена едуцираност. голема визуелна култура (некои сцени во Настан го предвестуваат поп-артот на Линхенштајн. на пример!), минуциозно водени дијалози, необично впечатливи дидаскалии...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги потфрлаат главите и одат кон надвор, излегуваат низ вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Камерата патуваше по неговото тело, осветлувајќи ги пределите на стомачната шуплина и вртејќи го неговото тело на преглед од внатре кон надвор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако речиси никаде не наоѓаме апсолутно отелотворување на таков симбол, тој сепак лебдее единствен и јасен пред нашите очи давајќи ни со силата на својата внатрешна слика нов поглед кон надвор, така што денес падна мрената од очите на милиони...“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Според Кристоф, frontier е насочена кон надвор, додека boundary е насочена кон внатре.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)