кон (предл.) - многу (прил.)

Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа човек не треба, само за олеснување на својата работа, негативно да се однесува кон многу науки мачни, како старите јазици, но што претставуваат основа за многу позитивни информации и науки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така, заклучив дека нана имаше не само практичен, туку и филозофски приод кон многу нешта во животот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од друга страна, Маргина сепак доби шанса и во тој сплет на амбивалентни чувства околу сѐ што ни се случува, јасно се издвојува чувството на голема благодарност како кон тој фантастичен, долготраен и макотрпен Сорос-проект (кого го демнат милијарда гадни опасности, од кои бирократизирањето е една од најстрашните) така и кон многу конкретни луѓе во македонскиот Сорос центар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)