кон (предл.) - чист (прид.)

Јас не сакав да ги изумам, но немав доволно љубов кон овие јазици и нивната литература, онолку колку што ги имав опробано, за да можам да им го посветам остатокот од мојот живот: ниту кон јазиците како такви, ниту кон чистата ученост, предавањето или проповедањето.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Постојав малку така, знам тоа ги оладува жешките глави како неговата, ама се сетив и на Алегра и на Јехуда што нестрпливо чекаа вести за првата аранжирана средба, па си велам, ако не се согласам ќе носам грев кон чистите души на тие две кутри суштества и двете желни за питома љубов и заедничко гнездо:  „Нека одат!“ - се согласив и фрлив поглед врз мајката на Алегра кога ги затвори очите и испушти нечујна воздишка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако веројатно секоја намера да се биде „транспарентен“ во тековното работење има свои граници (пристојноста и достоинството, да речеме, особено кога станува збор за не баш сјајни услови за работа, за не кој знае колку дарежлива финансиска помош и за недоволно развиените културни потреби на средината во која живееме; што сѐ сепак не нѐ спречува во ова списание да се вложуваме себе­си), сепак ја бележиме оваа нотичка, делумно и како обврска кон нашиот долгогодишен спонзор, Сорос Фондацијата, чиишто правила и принципи (иако често недоследни, нејасни и без генерален концепт) имаат стремеж да чекорат кон чистите и етерични предели на тн. „транспарентност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)