кон (предл.) - црн (прид.)

Не мислејќи на тоа, веднаш побара да откорне со ноктите нешто од таа скочанета земја и да потрча кон црната прегладнета мечка, кон таа парталава мршарка, што одеше да му го земе неговиот лов, од тоа ноктите му прокрварија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Последната секвенца ја насочи кон црниот Олимп кој злокобно ја фрлаше својата ноќна сенка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ми го беше привлекол вниманието облакот кој откако ги пречекори црвените покриви на куќите на Водно веќе наближуваше кон црниот гајтан што се размотуваше од високиот оџак на „Турист“.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)