кон (предл.) - филмски (прид.)

Ворхол во филмската традиција Ворхоловиот однос кон филмската традиција е поинаков од оној кон сликарската, па затоа е потешко да се постави во историјата на филмот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа најпосле ја промовира визијата за љубов што ја крепи секој облик на посредство што таквата љубов може да го најде во кинематографијата (било како уметност, било како стока), во пријателството и во мелодрамата како емоционален и прагматичен жанр – иако не настојува дека една таква визија е остварлива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во сликарството неговиот пат одеше од илустратор и дизајнер до ексклузивен портретист, а во филмот обратно, од езотеричен авангарден автор до продуцент на комерцијални филмови и видео-спотови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Впрочем, песната отвора простор за многубројни „ние’, за многу жители во таа множинска заменка: таа го замислува обожавателството како простор за многубројни колективи создадени поради љубов и идентификација, која не е ограничена на еден род и на една сексуалност, сите настрано сврзани преку своите трансверзални односи кон филмската ѕвезда и кон нејзиниот мас-медиумски приопштен лик.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тоа исто така итро ја протнува можноста за инаков и поконкретен колективитет, за публика од филмољубиви кралици и воопшто од геј-мажи, заедница создадена од заедничкиот восхит кон оваа женска икона.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Предните рампи требаше да се направат пострмни за да можат автомобилите што беа паркирани таму да имаат подобар видик кон филмското платно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Првото лице множина, како прво, упатува на виртуелната заедница на обожавателите на Лана Тарнер, кои и да биле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)