кон (предл.) - универзален (прид.)

За некои излезот ќе биде од националното кон универзалното, при што потрагата не се ограничува само на палестинскиот естетски легитимитет, туку поетот Махмуд Дарвиш трага многу пошироко, во смислата на постоењето и пеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некој ќе победи. Тоа е Арсо. Арсо ја урива карпата. Во каменото тело ќе направи пробив кон универзалната слобода.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Поетот не успевајќи да му се наложи на другиот предел, барајќи одговор од историјата и разбирајќи дека таа не може да биде компензација за изгубената земја, одговорот ќе продолжи да го бара на неизвесните патишта на универзалниот егзил, на некој можен премин на минливоста, на премин меѓу материјалното и метафизичкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)