кон (предл.) - среќен (прид.)

Само езерските бранови, старите семејни бранови, ми беа единствените пријатели во просторот, само тие ме водеа кон среќните архипелази на некогашното постоење на овие простори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ноќе зјапаме во небото некако нѐ мрзи да скокаме од ѕвезда на ѕвезда и ти како помлад ѓоа ме подучуваш дека нема рампи само на патот кон среќното минато.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
IV Пред мојата прва дипломатска мисија како амбасадор на Југославија: често се прашував кои беа моите заслуги да се најдам на висок пост на државата Југославија, која во три четвртини на XX век (1941-1981), од антифашистичкиот отпор на Јосип Броз Тито, неговото спротивставување на Сталин, создавањето на најдолговечната федерација на Балканот (и покрај с), создавањето на движењето на неврзаните, варијанта на утопискиот, самоуправен социјализам, со речиси целосно отворени граници, играше значајна улога во Европа и светот, и покрај робувањето на националистичките хиерархиски противречности, неподготвеноста кон среќна транзиција на своите вредности кон мултипартиска и конфедеративна разрешница?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)