кон (предл.) - соседен (прид.)

Мајка му излезе од дома. Зема од шупата една малечка скала и се упати кон соседниот двор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Воопшто му се чудам на тој свет: што сѐ луѓето не измислија за да се прослават - тоа е потполно несфатливо!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-Што е, е - кој би знаел зошто зборувате во истото време додека Сухов упорно ве влече кон соседниот гроб.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие покажаа кон соседната маса, кон налутениот кавалер на сувата блондина облечено тврдо и круто како во картон. „Знам“, се сети и се наведна. „Ништо полесно отколку да се опцуе еден мртовец.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од главната кружна линија, или од центарот на активностите, блиску до речниот брег, се распространуваше еден цел систем на авении, во форма на спици, што кога го надминаа лимитот на градот, станаа автопати, кои водеа кон соседните и далечните градови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се слушнаа 3 експлозии на вториот дел од зградата, се урна еден ѕид, кој падна кон соседниот хотел “Коломбо“ и го затрупа германскиот клуб наречен “Кегел-клуб“...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Децата поседоа уште малку, се одморија и продолжија кон соседниот рид, кон колибата на дедо Алексо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дојде дома од работа, ја тресна вратата и продолжи со гласното туширање, потоа ги намести сите потребни артикли за готвење на масата, и сиот свеж, радосен, агресивно намирисан и оптимистички настроен, тргна кон соседната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)