кон (предл.) - современ (прид.)

Вториот дел го обележува пресвртот кон современата континентална философија и поголемите потенцијали за феминистичката философија кои лежат таму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
дедото и двата внука или кукла играта за возрасни како воспитно средство во нивната адаптација кон современите услови на животот ...гледајќи низ прозорецот, постариот внук продолжува: фактот што шимпанзото, делфинот, желката од Галапагос подобро ги познавам од некои домашни животни, поточно јарецот и биволот, веројатно доаѓа од таму што уште од своето најрано детство, безбедно и долготрајно сум го гледал анимал зад решетки, потоа тој ист анимал на малиот и голем екран, во црно бело издание или во колор, во гро-план, слоумоушн, со стручен коментар и соодветна музичка илустрација.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми се чини дека тоа е работа на непрекинато говорење, што не е ниту значајно ниту безначајно, ниту добро ниту лошо, туку токму начин на кој сега живеам, т.е. држење говор во Илиноис, што нѐ враќа пак кон современата музика.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како конечно сите да сме скопчале како да ги подражаваме стрејт-мажите или барем како да си ги подражаваме омилените, на лик и по однесување, стрејт-јунаци од светот на повоената романтична геј-белетристика. ‌Еден напис во еден број на лондонскиот Геј њуз од 1975 понуди корисни насоки како да се изведе тој тежок трик и успешно да се премине од архаичните машки геј-облици на живеење кон современиот машки геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)