кон (предл.) - свет (прид.)

Татко, додека го слушаше Игора Лозински, погледна неодредено кон светите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко знаеше за посебниот однос на Мајка кон светите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако ја толкуваше попродлабочено спро­тив­ста­веноста на книгите на сталинизмот кон светите книги, стануваше јасно дека, но кој тоа тогаш да го разбе­ре, овој распоред можеше да се чита и како клуч – за од­носот на Сталин кон религијата во нашата земја без враќање, односно за замената на религијата со идеологијата од комунистичката партија на чело со Енвер Хоџа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И Мајкината набожност, што ја изразуваше низ почитта кон светите книги на трите монотеистички религии, кон храмовите и славите на сите три вери, каде било и во кои било времиња на Балканот, прераснуваше во свое­видна хуманост што можеше да се смета и како вистина и како религија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)