кон (предл.) - роден (прид.)

Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин ја сврте кон родниот брег, ја бараше нашата куќа, на чиј праг ја остави старата мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На крајот, по продолжителни инсистирања и молби пред властите, сите пречки биле совладани и бившите заточеници биле готови да тргнат на пат кон родниот крај.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога тргнаа на пат кон родниот град на Хелвиг, срцето ѝ се стегаше при помислата дека, ете, за првпат ќе се сретне со неговите...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И секое залапување, секое загунѕување, ме води кон родниот крај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Така, од кај бугарската војска, каде што имаат статус на полузаробеник и полувојник, двајцата војници, ќе се довлечкаат кон родното село низ многуте планини, за да завршат како заробеници на француската војска...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)