кон (предл.) - различен (прид.)

И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова, последново, изгледа е точно, сета следователна историја на Потковицата на тоа управува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божји избраници и заштитени со неговиот знак, или можеби, овоземни суштества, лукави политичари храбри мажи, кои, приклонувајќи се кон различните завојувачи и борејќи се прикриено против сите нив успеале да си ја дочуваат својата наслеба и својата самобитност?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да, гледаме кон различни неба.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Лудилото е весло што удира по ѕид место во вода, и удира по ѕидот, удира, удира, удира... ”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)