кон (предл.) - природен (прид.)

Зашто ни во најжешко лето не пресушуваат, и зашто водата е студена и лесна за пиење, жителите на Потковицата кон нив се однесуваат како кон природен резервоар на вода за домаќинствата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од страв од изгнасување, порано, пред што ги огради Видан, пристапот на злонамерници до нив го бранеа со разни застрашувања, со чести стражарења, но најмногу, а изгледа тоа беше и најпочитувано, со измислување на разни фантастични приказни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Впрочем и јас, во минатото, на сонот му давав предност, иако потоа, при првото будење, па и тогаш кога будењето ќе се случеше во никое доба, не се стеснував да му се навртам на првото лапало што ќе го напалав во темнината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот речиси митски однос кон природните јазици, имајќи ги на ум секогаш древните балкански јазици, кои повеќето биле главно говорни и исчезнале во текот на владеењето на Римската Империја како дакискиот, тракискиот, античкиот македонски, викиншкиот, илирскиот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Инквизиторскиот суд на кралството во рајот конвертирање на неправедните, злобните… светот со лик на големо море, бранови и острови интониран со екологија на духот, психичкиот распон Човечкото битие кон природните феномени емотивната клима на чувствата што лебдат во итаницата кон недостижното, копнеж кон совршенство во судир од пречки на патот пред блокаторите кон свемирна галаксија…
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не, не бев загрижен, а тоа се должеше на мојот карактер секогаш наклонет кон природните потреби на поединецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)