кон (предл.) - презрен (прид.)

Ги замислува – напрегнатоста на телото на достоинственикот, лошо прикриена со смарагдната кадифена туника и исклештениот грч на лицето, и ситната поднаведната фигура на Евреинот, кој долж сиот пат од кожарскиот дуќан до палатата се простуваше од шегите околу семејната трпеза, од свечениот мрмор во синагогата, така што кога стапна пред моќникот, беше речиси очистен од стравот, подгрбавен поради наследената костоболка, а не поради понизноста што би ја искажувал кон презрениот мачите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)