кон (предл.) - прв (прид.)

Претходниот и новиот работодавач на работникот солидарно му се одговорни во обештетувањето за сите побарувања, настанати заради отказот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако работодавачот времено ја пренесе врз основа на правна зделка [закуп, наем] целосната или дел од дејноста на друг работодавач, преминуваат работниците по престанувањето на важноста на правната зделка назад кон првиот работодавач или кон новиот работодавач – преземач на дејноста (чл. 68, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Козите поживо од сите го враќаа него кон вистината за заедничкиот сон. – Ех, како се измешаа времињата! – извика Чанга. – Се измешаа, се измешаа! – И сега козите го враќаат човекот кон првиот сон, кон старата заедница, го спасуваат. Татко ми и со ова се согласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа димензија кај него, впрочем и кај нив, предизвикуваше взаемни симпатии.  Но, опиен од уживањето во првата, се чинеше апсолутна слобода, Цви не се обѕираше на тоа дека почна ја губи поддршката во својата нова заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Својата наклоност кон првиот човек, а со него и кон целокупното солунско еврејство, кралот го пренесуваше и врз другите носители на власта на кои тој им го даваше мандатот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со виртуелните машини зачекоруваме во виртуелни светови, ги тестираме и населуваме и со тоа заземаме алтернативен став кон првата (природена), втората (индустриски продуцирана) и третата (информатички генерирана) природа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во овој перод при ГШ на НОВ и ПО на Македонија биле присутни две британски воени мисии: Monkeywrench и Brasenose кои биле приклучени кон Првата македонско-косовска ударна бригада, а Втора македонска ударна бригада со мисијата Perseverance требало да замине за областа Кавадарци.114
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поезијата на Тасо создава премин од доцноренесансната книжевност кон првиот книжевен маниризам на тоа време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога Х.Х., не можеше да наложи нова провокација и залудно очекуваше моја реакција, тогаш стреловито брзаше кон првиот телефон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Погледот потем го упати кон првиот од тројцата неидентификувани домаќини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го видов како појде кон првиот телефон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мавтајќи со торбата околу себе, потскокнував од нога на нога и трчав кон првата продавница со тутун.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа историја е во голема мера безначајна за потиснувањето на жените од страна на мажите. (4) Ако, сепак, ја отфрлиме дистинкцијата материја-свест и прибегнеме кон првата од двете дефиниции на “идеологија” наведени според Иглтон, доаѓаме во конфликт со философските гледишта за вистината, знаењето, и објективноста до кои држат најголемиот број современи интелектуалци феминист(к)и кои се надеваат да ги стават во употреба своите дарби и способности во критикувањето на маскулинистичката идеологија.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Го минавме мостот и фативме кон првите куќи отспротива.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш, таткото се сврти кон првиот син: „Еве, сега виде во што се разликувате.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се спуштив по неа како книжен змеј кон првата телефонска жица за да се свитка околу неа и да го уништи задоволството од играта на децата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И ги подавал рацете кон првиот ден на својата младост, барал 'ржени ниви Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
3 „Таа е нема!“ Ги повторувал овие зборови на осаменоста и со неспокојство на нешто што е занес или копнеж, или најмногу религија на нејасна љубов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пари и љубов, ќе се зачудат тие. Од грлото на Јана ќе шибне млаз смеа кога ќе се заврти кон првиот на масата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се упатив кон првиот телефон. Набрзина ги свртев броевите на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се покажа дека и Чана била надвор, шетала околу зградата, била и она во градините за да се потсети дека на крајот од реката Вардар, десно горе, на Кожуф е нејното село најгоре во планината и градините како балкони на небото, а додека таа била надвор и додека одела кон првиот влез за да види како се сместуваат луѓето на таа страна, не го видела Дине Бочаровски, ама надвор биле децата од двете жени, само не можеше да се разбере дали мисли децата од двете жени на Дине или токму значеше деца од две жени.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Здраво, живо, побратиме!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
СТОЈАН: (Здрав и буен кон првата група печалбари).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Додека ја минував границата, погледот ми одлета кон првиот об­лак кој се ближеше кон нас, небаре да ме подземе во височините, во среќното семејство, како во облак од слика на Шагал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Готови да полетаме. Кон првиот облак над куќата. Меѓу јунаците на Шагал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се раскуќуваше додека ја лечев Од змиски легла, од нагризан малтер Од садови со згустена глад, од тишина Од поглед кон првата ноќ на снегот Од просторот што лесно се одгатнува Од заминувањето, од страста, од вечноста.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Се заниша и ги подаде рацете кон првиот ѕид, не го допре.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Покрај дулбијата истекуваше друга солза... Татко потем ја сврте дулбијата кон првиот пристан на нашиот егзил.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А ако се случи да биде и прилично умна, со доволно животно умеење, и пред сè со достоинство, веројатно самата ќе отрча кон првиот излез.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се облекувам додека Моне спокојно дише во својот кревет, потоа се стрчувам да го фатам трамвајот „двојка“ што оди до Железничката, се симнувам пред станицата, купувам осминка со сирење и јогурт во син тетрапак од дрвената бурекџилница и со полни раце се упатувам кон првиот десен перон.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Иако сè било веќе јасно; иако било очигледно дека таа не смее да ѝ се препушта на случајностите, да го остава детето само да си го бара татка си, а неа да ја снема во мешаницата!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа, ако одиме по ред, какво е тоа однесување: во онаа збрканост и мешаница што се случила на пристаништето да си го остави детето само на улица, па дури и да му го покаже патот кон првиот брод!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Стевчо и Иван си ги допреа грбовите до ѕидот од плевната и си ги свртеа лицата кон првите сончеви зраци.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
— Зошто учевте руски? — Учевме од љубов кон првата земја на социјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)