кон (предл.) - поширок (прид.)

Кампот, и на сцената и надвор од неа, обично е лице што, според критериумите на групата, е сексуално понепривлечно, било поради поодминатата возраст, било поради помалкуте телесни прекрасности или, честопати, поради двете.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
САД ја поддржувале Британија во нејзиниот став за поврзување "сојузнички и непријателски земји со можност на вклучување и на Турција", но биле против некаква ексклузивна "унија или федерација" меѓу Југославија и Бугарија, "зашто тоа не би придонело за напредување кон поширокото групирање и исто така би ја изолирало Грција и би ја загрозило нејзината положба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој значително придонесуваше кон поширокиот проект на високото образование: занимлив беше, добро осмислен, тераше на размислување и беше ригорозен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Имаше нешто живо, полетно во нејзиното пишување кое го поттикнуваше моето, понекогаш насочување на поединости, за мене невидливи, кои водеа кон поширок хоризонт во опфатот на мојата сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Без разлика на „објективниот“ изглед на кампот, најуспешно ќе му мине оној виц што ќе го направи на своја сметка.228 Она што го обележува кампот, според оваа белешка, е намерното одбивање на себеизземањето од подбивот што го насочува кон поширокиот општествен свет, како и неговата склоност да ја исмева својата абјектност – да му се смее, како италијанските вдовици од Фајер Ајленд, како Дејвид Мекдијармид, како Том Ширер или како Беовулф Торн, на сопственото страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)