кон (предл.) - подобар (прид.)

Како што нѐ учеа Буда, Кришна, \урчиев и другите: Целта на твојот живот е да се грижиш за себе за да можеш да се грижиш за другите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како што пишува Лорен Берлант, „ниту едно население никогаш не ја збришало историјата на сопствената општествена негативност од своето тековно општествено значење“.255 Попрво, геј-гордоста нуди поинакво решение за истиот проблем, стремејќи се кон подобра иднина – односно подобра од светот каков што го познаваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На некој своеобразен начин, и геј-гордоста е одговор на постојаната стигматизација и маргинализација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По влегувањето на Македонија во Федеративна Југославија како рамоправна членка, Г.Пирински и членовите на Македонско-американскиот сојуз верувале, а и односите по војната меѓу Југославија и Бугарија им влевале надеж, во остварувањето на македонскиот долгогодишен сон - обединувањето на Македонците од сите три дела на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Завршувајќи ја статијата, Г.Пирински ќе заклучи дека „формирањето на слободна Македонија е едно од најголемите постигнувања на Ослободителната војна на народите на Југославија“, што е „потврда за вистинскиот демократски карактер на Титовото народноослободително движење“, изразувајќи надеж дека тоа ќе претставува „пресвртница на патот кон подобра иднина на балканските народи“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Идејата е да продолжиш да ја „подигаш цената“ кон подобра филозофија- теологија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)