кон (предл.) - отворен (прид.)

Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мајка погледна кон отворената врата. Немаше никого.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски повторно се упати кон отворениот прозорец, но доброволците, беа уште подалеку.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXI Судбината мигум уште еднаш ме врати во свеста кон отворената врата на татковата библиотека, кон местото каде што се чуваа светите книги, а меѓу нив вметнатите брошури расправи за марсизмот, ленинизмот и сталинизмот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи го растурив Ритон, ќе те оставам сосема сам, во недоумица. (Браво сето преостанато време ќе гледа кон отворената врата во која влегоа Жан и Боб)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И уште ова: при секој нов чекор кон мајка ми забележувам како се намалува гласноста на употребените зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив: намерно не погледнува кон отворената врата на големата соба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Гледав кон отворената врата, домаќинката знаеше во што.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што нам господ ни дал, ние вам. Како се викаш, синко?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нашите погледи се упатија кон отворената врата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наближувајќи кон отворената врата на мојата канцеларија не знам зошто наеднаш ме опседна помислата дека кога ќе влезам ќе треба да му пристапам со разбирање барем на колегата Зоре Вртанов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)