кон (предл.) - осветлен (прид.)

Се прибра, го прерипа убиениот и тргна по улицата кон осветлениот прозорец, пред тоа осветлен, зашто сега во улицата гореа само двете очи на автомобилот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жената молчеше, беше згрчена во износен капут и тешко се држеше на нозе - беше болна или пијана, а тој ја гледаше, нејзе и офицерот, борејќи се за малку сила за да издржи додека тие не се оддалечат, за да продолжи кон осветлениот прозорец на крај на улицата, за да - за да живеам, мислеше и слушаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Околу него врвеа темни силуети, се судираа и брзо како ноќни пеперуги се губеа кон осветлениот платнен влез.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)