кон (предл.) - модар (прид.)

Обајцата се насмевнаа, мислите им одеа во ист правец кон модриот патлиџан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За оваа незаинтересираност може да се наведат повеќе причини, но како основна треба да се смета августовското попладне кое беше и премногу натрупано со оган што бавно се влечеше кон модрите високи планини на запад.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)