кон (предл.) - млад (прид.)

Рекламите не смеат да бидат насочени кон младите луѓе или на било кој начин да бидат поврзани со успешноста, женственоста, или сексуалната потенција.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој чувствуваше одбивност кон речиси сите жени, а особено кон младите и кон згодните.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката, која меко се отфрлува од задните на предните шепи, и волците, кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би го знаел тоа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ејгиди песни наши што ги пееја старите... (покажува кон младите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Песни се овие срцето што ти го корнат! (кон младите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
КУМОТ: Ете што направија младиве — се испокараа (кон младите).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Многу ме бендиса и сакам да биде моја прва анама – и рече и не испушташе момент да не ја искаже својата наклоност кон младото девојче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Претставувањето на книжевното дело на Старова во Сенатот на Франција е добра пригода да ја изразам и својата постојана приврзаност кон младата Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)