кон (предл.) - локален (прид.)

„Само повелете”, возврати владиката. „Во младоста и јас бев страстен пушач.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Што се однесува до Соединетите Држави, таа стратегија нужно би барала во блиска иднина да се вложат значителни средства во кривичното гонење. Таа меѓутоа, би можела да се распореди порационално така што поголемиот дел би се насочил кон локална примена на законот, за одделни градски населби да можат да одолеат на поплавата од трговци, наместо поскапата алтернатива како што е апсење на корисниците; со тоа што на користењето на јаките дроги би се реагирало повеќе вон системот на кривичниот закон; и со тоа што сегашните вчудоневидувачки и контрапродуктивни казни за кривични дела во врска со дрогата би се намалиле на ниво на казнување што се применува во попрогресивните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што се однесува до законските мерки, тие треба помалку да ги применуваат на уживателите а многу повеќе на трговците. Легализацијата на продажбата на јаки дроги во никој случај не би смеела да се дозволи со образложение дека трошоците од социјалната и здравствена заштита, како и од општествената солидарност, не се прифатливи од морално и практично гледиште.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Ќе се напиете ли нешто?” - стана Беренц не сакајќи да биде поставен под тивкиот притисок на евентуалните берлински врски на владиката.  „Кафе, со задоволство”, се сврте владиката кон локалниот шеф на СС, кој отиде до вратата и некому му нарача две кафиња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)