кон (предл.) - источен (прид.)

Покасно во времето на владеењето на Теодосиј I од воено-стратегиски и политички причини префектурата Илирик со диоцезите Македонија и Дакија била приклучена кон источниот дел од Империјата, која во 395 била поделена на Западна (Римска) и Источна (Византија).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во еден момент, филозофски настроениот Камилски му рече на Татко: Што би претставувал човекот без потрагата по мистеријата, по апсолутното, без метафизиката?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)