кон (предл.) - изгубен (прид.)

Додека трае мајкината грижа за своето чедо без оглед на годините, размислував завршувајќи со читањето на писмото, тоа свесно или несвесно ги живее најубавите, најбезгрижните години во животот, животот добива поголема смисла...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но кога, конечно, јоргованите расцутеа и кога опојната миризба се рашири околу бисерните води на реката, тој се пренесуваше во рајската градина на своето детство, кај својата мајка која не престануваше да го повикува во својот скршен лет кон изгубената рода...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од благиот занес, од мислите свртени кон изгубениот рај на детството, ме прекина благиот глас на секретарката: - Се јавија од кабинетот на Јасер Арафат. Ќе ве прими утре...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крик кон изгубениот рај.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)