кон (предл.) - заеднички (прид.)

Нејзините владетели не ги поврзува крвно сродство, туку приврзаноста кон заедничката доктрина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се зборува кај овие два филма за happy end затоа значи потполна заслепеност: како е возможно да не се види безобѕирната крутост, со којашто Девлин и Алиција на крајот на Озлогласената го препуштаат скршениот Себастијан на неговите нацистички компањони (коишто секако ќе го ликвидираат) и летнуваат кон заедничката „среќа”? okno.mk | Margina #22 [1995]
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Да споменеме како забавен детаљ и тоа дека Хичкок во Чамецот за спасување веројатно на најдуховит начин се појавува во сопствениот филм; долго размислувал како да го реши тој проблем, бидејќи во филмот нема масовни сцени, целото случување е ограничено на чамец среде море.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се исправил тресејќи се со склопени очи за да не ја гледа белината на нејзините коленици и пошол нишајќи се кон покопот на најстариот од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја зближуваше со нив не само заедничкиот албански јазик, етничката припадност, туку и судбината на заминувањето, а со различните вери, само си ја зацврстуваа љубовта кон заедничкиот Бог што постоеше во природата на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Толеранцијата не е контемплативен став, што дели проштевања на сѐ што било и што е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Треба, значи да се слуша тревата како расте, да се поттикнат сокриените можности, да се разбудат сите склоности кон заедничкиот живот што ги чува историјата; исто така треба да бидеме подготвени, без изненадување, без отпор и без опирање да се соочиме со необичното, што сигурно ќе го донесат тие нови општествени изразни облици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е динамично држење што овозможува да го забележиме, да го разбереме и да го забрзуваме она што сака да биде.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)