кон (предл.) - жив (прид.)

Се однесуваше како кон живи суштества.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од едната се оди кон живите, другата води кон мртвите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Да се свртиме малку кон живите, кон жените и кон децата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не споменувај ми го веќе покојниот Симон Наконтик, го прекинал Наџак-Јанко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Исплука црна семка пред себе, во чинијата с сини рабови, ненадејно да се реши на судбиснки потег, мисла од која и самиот се стресе: вака веќе не се може, селото е омацурено, му недостига власт; тогаш нека се прочуе, со крајот на попот ќе почне, еден нов, поинаков живот во кој светот ќе е почит и кон живите и кон мртвите, на татковската земја и далеку од неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)