кон (предл.) - европски (прид.)

Католицизмот ќе пушти најдлабоки корени во Скадар и ќе биде прва вера на Албанците, првиот мост кон европската култура и цивилизација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Париз ми се чинеше многу полесен за освојување одошто Лос Анџелес.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Гаргантуовскиот но и макабричниот обред се одвива во ресторан со сличен штимунг, како епилог кон европската консументска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Особено ме опседнуваше желбата за Дизниленд и бидејќи знаев дека е таа сосема неостварлива, се ориентирав не кон американскиот туку кон европскиот Дизниленд, што се наоѓа во Париз.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Според овој декрет, долговите на Турција кон европските капиталисти, склучени заклучно до 1873 година, изнесувале 117.081.000 златни турски лири.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)