кон (предл.) - дрвен (прид.)

Немаше ни столче ни маса и Русинот повеќе со заповед покажа кон дрвениот кревет. Седнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Татко, откако ја допи првата шолја чај, стана од сво­јата фотелја, се упати кон прозорецот, го подотвори и го упати погледот кон реката па потем кон дрвениот мост кој го поврзуваше стариот со новиот дел на градот, на десната страна беше модерниот, а на левата постариот дел.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко од чардакот го гледаше својот пријател како заминува по кејот во правец кон Дрвениот мост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)