кон (предл.) - долен (прид.)

Кога дојде и Бојан, децата се упатија кон долниот дел на Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Розите ги губат своите бледникави ливчиња, но веднаш до нив, нивните сосетки горделиво, во следниот час, распупуваат нови цветови.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Најубавата соба, како што и планираше Роџер Прат, е во средината на куќата, на првиот кат, огромна соединувачка просторија, каде што конверзациите добиваат простор, а смеата, преку скалите, се пренесува кон долниот кат.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Бојан почесто застануваше, свртувајќи ги очите кон долниот крај на Рамни Ливади од каде што требаше да се појави џипот. Но шумарот се забави.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се упати кон долниот дел од градот, кон патот што води кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Прво да го врзиме Дорча, и магарето, а потоа ќе запалиме оган како вистински домаќини - рече Евто и го поведе магарето кон долниот крај на воденицата, каде што се наоѓаше пондилото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Чувствува дека разговорот нема да биде пријатен”, се насмевна есесовецот и потем стави маска на рамнодушност на лицето, седнувајќи на бирото и гасејќи ја цигарата токму во моментот кога на вратата, со паларијата в раце, се појави градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)