кон (предл.) - длабок (прид.)

Ни чекорот кон длабока и непозната бездна. Ни заедничката Марија на која ѝ удри печат курва, зашто не беше и твоја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Личам на деда си, - се насмеа момчето и се стрча кон поточето, кон длабокиот вир, да ги лови неуловливите пастрмки, што со денови ги гледаше, а веќе трет ден се обидуваше да ги улови.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)