кон (предл.) - далечен (прид.)

Тој не престануваше да стравува од некој нов подметнат процес кој, конечно, ќе го фрлеше на некоја емигрантска галија, кон далечната туѓина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се препознаваме по таинственото По страста кон далечното, По устремот кон Вечното.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И после сите натрупани, хибридни грешки кои ги броиме и кои поминуваат низ деновите, ќе дојде и денот кога ќе донесеме цврста одлука, храбрoда ги исполниме сите надежи и очекувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека небото се раскрвавува во самракот и ветерот го зема својот прв здив во зората ќе го завртам клучот од бравата два пати, ќе ја задушам болката, достоинствено ќе си ја понесам тагата и ќе побрзам да го фатам последниот воз кон далечниот хоризонт каде со таква леснотија одново и одново се раѓа новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Имам и јас свое море – со ѕидови бели од сол и замор зад нас, со рамномерниот здив на водата и ноќта што ги одвлечува сите минати и идни напрегнати утра, кон далечната шир, во неповрат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Затоа околу полноќ појде кон далечната перифериска двокатница и виде дека облаците беа спуштени над неговото теме сосем ниско.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Истражувачот во нас нека ја остави, барем за час, лесната опуштеност на навиката, и нека се упати кон далечните предели во кои сонот и јавето нераскинливо се преплетуваат.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Се исправи со здрвено човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете тргна кон далечните бачилски колиби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја лелееше неговата свест. го влечеше кон далечна нестварност. Ја месеше неговата магла како што се меси тесто и ѝ вдахнуваше живот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Понесени на своите мисли, како на крила, кон далечните пространства, двајцата другари и не усетија кога им се приближи кондуктерот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со тргнувањето на Нова Година Втор од земјата Дардаванија кон далечниот југ, се упати и најголемата композиција на дароносни санки.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Се исправи со здрвеното човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете, појде кон далечните бачилски колиби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Помалку имаше и емигранти, тајно пребегани, за да продолжат кон далечните континенти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)