кон (предл.) - голем (прид.)

Луѓето првин не веруваа во нашите зборови, а и не беа за верување, а потем се слеаја од сите страни кон големиот плоштад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие беа подвижните резервоари со течна храна за овие луѓе кои по победниците во војната итаа кон големиот плоштад на главниот град на Републиката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Појде кон надворешната порта, отворена кон улицата, кон реката, кон големите тополи, кон Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Околу доцните шеесетти Бојс почна да го употребува цртежот главно во едноставно нотирани „партитури” за неговите перформанси. Овие мали, слободни чкртаници, типично внесени криптични фрази, усмерувачки ознаки, и мноштво отпечатоци, не се лесно читливи, дури и за оние коишто се запознаени со споменатите перформанси. 90 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако нивното значење денес се чини е единствено реликвитетно, овие мали употребни цртежи сепак служат како мост кон големите записи врз школски табли и кои го овозможуваат климаксот на „Мислењето како форма”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Париз, јануари 1972 година ВО ПАЗУВИТЕ НА ПИГАЛ ПРИЈАТНА и многу интересна е прошетката кога од Монмартр, по безбројните скалила, се спуштате удолу и се упатувате кон големата авенија што води кон еден од најпрочуените париски квартови-Пигал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некогаш одамна, вели тој, имало еден пар сопрен во слика на простор-време, или како да беа стопирани во сликата, како што ти и јас би биле пак да летаме преку земјата, од исток на запад со брзина од 600 милји на час додека САД пролетуваат под нас од запад кон исток со брзина од 1000 милји, носејќи ги со себе Земјината атмосфера и нашиот DC-10 со нето брзина од минус 400, додека нашата планета збивта околу Сонцето со брзина од 66 илјади милји на час а нашата галактичка локална група заеднички трча кон Големиот атрактор отприлика milion und so Weiter, но за нас ефектот е како да седиме во темница со пластични чаши со шабли од Мендосин на 32 илјади стапки над Мисисипи, да речеме - што е точка којашто за нас во тој момент, како и било која друга точка, би можела да се смета за Stillpunkt во средиштетето на нашиот космос и сите други, од која релативно се сметаат нивните вртоглави движења и контра-движења. Маргина 34 79
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Расказите се надоврзуваат како кон големиот тематски блок за А.Станковски така и кон рубриката “Скопски раскази”. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 4 А.Станковски МАЛ КАТАЛОГ 59 Прв пат во Маргина - колор каталог!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Го чувствуваше тивкото шумолење на реката на кое се надоврзуваше нашетодетско дишење и нашите многу поинакви соништа, но и тие носени од реката кон големото море, преку сите граници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во мигот, и обајцата, како по команда, ги упатија погледите кон големите слики на Тито и на Сталин, обајцата во маршалски униформи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По којзнае кој пат погледот ми запираше во средишните рафтови на библиотеката, кон големите свети книги, меѓу кои беа ставени дела на Маркс, Ленин, Сталин...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Со некое особено внимание ми предложија вечерта да појдам со нив кон големата широчина крај турската кула каде што гостуваше циркусот Олимпија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го гледаш ли овој камен? – со раката покажа кон големиот камен со темно сива боја. – Кога човекот не верува во себе, тежи како камен на едно место, не може да се движи напред ниту да се воздигне; значи стои на едно место – продолжи старецот. – Кога верува во себе, тој е предаден на дејствувањето на природата, како пердув предаден на ветрот, лесен, се движи без тешкотија напред, па може бргу да достигне духовно визвишување – одговори, без да сети некаков замор од долгото зборување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уметникот не му ги собул веројатно затоа, што во нив сакаше да ја сочува големата симболика на неговото надворешно и внатрешно сиромаштво што заедно со ненаситната лакомост го одведе кон големото одродништво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
--- ааа аааа ааааа јас сум деформирана- се јадам себе си- надвор-сакам надвор- кон светлината- кон совршениот блесок- кон големиот круг на денот- ѕверовите немаат пристрап- светлината ги спржува без милост- светлината е нивна стапица- ќе се спасам- ќе ја избришам својата срамота- во сончевината- чекор- ќе се урне таванот- ќе се разгрнат гранките- ќе ги опијам очите со небо- ќе сетам- ќе сетам љубов...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со таквиот однос, нашите драматичари директно влијаат на намалувањето на страста кон големите наслови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тоа е Сентерлевиот рид. Уште истата вечер илјада нови отвори ѕиркаа кон Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Помисли: „Одам кон големата тајна.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Моите нерви веќе побрзаа кон големиот восхит; но јас ги зауздав - искусен коњушар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И на крајот светот секогаш ја победува историјата, на тоа потсетуваат и последните детски и мајчини пригушени крикови на камените пунски жртвени гробници во Картагина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога човек се оддалечува, а тишината на камењето на историјата неуспешно ја надгласуваат упорните водичи, патот го води кон големите европски градови, каде што се пресилни гласовите на минатото, повиците на револуциите, дефилето на вековите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Низ цела Океанија утрово имаше незадржливи спонтани демонстрации, кога работниците излегоа од фабриките и од канцелариите и парадираа низ улиците со пароли што ја изразуваа нивната благодарност кон Големиот Брат за новиот, среќен живот што ни го подари неговото мудро раководство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка, со забрзани чекори, појде кон големата капија на границата што некои ја викаа и врата на пеколот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нашето маало, со години, живееше легендата за мајката на Мајка Тереза која успеала да ги изгледа, со љубов и со достоинство, своите деца, а на ќерка си Гонџа ќе ѝ ја влее љубовта кон човекот и кон големата мисија што ќе ја оствари во текот на својот живот, во заштита на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа тмурна балканска ноќ, милиони јагули од сите езера, непознати мирни води, го започнуваа големиот и неизвесен пат, во ритмот на минливоста, упатени кон големиот океан на нивната смрт и воскреснување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секретарот Трим Тоска, кој ги чекаше гостите со Јагулчета Дримски, пред вратите на партиската зграда, ги поведе гостите кон големата сала за седници.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Патуваше вовчето крај реката, следејќи го патот на јагулите во реката Дрим, за потем да скршне, кон големиот град, на брегот големата река каде што одново ја загнездивме судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се враќаа кон големата куќа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Колку солзи беа изронати, колкупати рачињата се подаваа кон големото дрво!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Чувте ли, - сврескува Зоки кон големите деца. – И јас сум храбар!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кон големата воена карта пристапи генерал Кикицас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)