кон (предл.) - гол (прид.)

Се отвори од некоја своја магија и појде на две страни, кон гола цуцулка на планина и кон друг облак со позлатен раб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тоа чувствените ноздри му беа и пошироки и потемни, и капетанот, за да не гледа во слепилото, пак погледна кон голиот прелог, не исплашен туку љубопитен: ќе ја чуе ли фаталната бројка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И затоа што сакаше да се сети на нешто, погледна кон голиот прелог недалеку од патот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од подморницата конспиративно излегува еден јапонски морнар, внимателно загледува наоколу, ослушнува... а потоа го крева погледот нагоре, кон голиот задник на убавата девојка...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Над нас, високо, се движеше зачаден облак кон орел со неподвижни крилја. Не го стаса.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)