кон (предл.) - главен (прид.)

А кога ламаринените сандаци беа добро сместени во специјалниот вагон и возот, конечно, тргна кон главниот град, Татко чувствуваше дека, сепак, го остварува своето судбинско патување со митскиот Балкан-експрес кој трабаше да го врати кон Цариград. XXIII Сиџилите не беа малку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше донесена одлука, истиот ден, попладнето, сиџилите, во специјален вагон, во редовниот воз, да бидат упатени кон главниот град.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Од горниот џеб на палтото вади килибарен чешел, молскавично го фрла кон главниот тип со качкетот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
X Наближуваме кон главниот град. Се насетува медитеранската свежина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ниту неповратно да се смести геј-културата во минатото. ‌Премногу е лесно да им се потсмеваш на ТОНИ, признавам, а мене целта сигурно не ми е да се потсмевам – тоа ми е само пакосно, ќефлиско излетничко скршнување од патот кон главната порака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, тие разлики не се изговор да се одбива да се признаат забележителните континуитети во разните генерации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ревносната изведба на Кејт Винслет на насловниот лик – на неискусната, обична, испогазена, честопати патетична сиротица, која е повеќе жртва отколку независна жена – нема ништо од жестината, елегантноста и авторитетноста со кои Џоан Крафорд го отелотвори аристократскиот калап на средносталешката женственост. ‌Значи, не сакам да кажам дека текстописците од ТОНИ просто се самозалажуваат кога се обидуваат да ги опишат генерациските разлики меѓу последователните верзии на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таму во двојки се наведуваат примери од експлицитна, идентитетски заснована, горда и на видело постоунволска геј- култура спарени со примери од пошироката култура кои се погодни за настрано присвојување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Шетам околу костените, ја кревам главата угоре, барам, ама нигде да ги здогледам оние што пеат – сака да ме зазбори Кадрија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тие само така веруваа без да бидат убедени во остварливоста на целта...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понесен од овие мисли, испратен од погледите на моите деца, појдов кон главната врата на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Седнаа, или попрво Геро го седна Ванета, на крајната маса од пивницата, којашто летово беше излезена на тротоар, така што минувачите им се чешаа од грбовите одејќи кон главната улица дење и главното корзо навечер.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
XXVII Заминавме од градот на истекот на реката од Езерото, кон главниот град Скопје, на новата Народна Република Македонија, дел на новата југословенска федерација, со малото вовче, на едно од неговите последни патувања по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А сношти штом ја издаде наредбата да одам кон главниот влез, почна да се качува по ѕидот на нашикот уред како да освојува највисок планински врв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога јавачот и неговиот коњ ќе се оддалечеа до самиот крај на големата песочна плажа, до оние карпи што од источната страна го ограничуваат малиот залив, детето го свртуваше својот белчо и на ист начин галопираше кон главната плажа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потоа царот се сврте кон главниот слуга што го видел летачот во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)